mksqen

Русија инсистира Белорусија целосно да го плати гасот што го доби минатата година

Русија инсистира Белорусија целосно да го плати гасот што го доби минатата година

Типографија

Русија настојува Белорусија да го исплати целосно гасот, што беше доставен минатата година, но засега нема напредок во преговорите, изјави рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович.

  • Долгот на Белорусија досега достигна 550 милиони долари - прецизираше Дворкович.

Од почетокот на 2016 година Белорусија преговара со Русија за намалување на цените за испорака на гас.

Минск сака да плаќа 73 долари за 1.000 кубни метри, наместо 132 долари.

Бидејќи Белорусија платила 300 милиони долари помалку од цената за испорачаниот гас, Русија го намалила снабдувањето бесцаринска нафта за земјата.

Кон крајот на минатата година Минск и плати на Русија аванс за гас и изрази надеж за обновување на испораката на нафта.

Тогаш, сепак, Дворкович истакна дека Русија ја вратила сумата од авансот, инсистирајќи договорот за гас да биде целосно исполнет.

Тој не го исклучи решавањето на спорот по судски пат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет