mksqen

Руската Дума ја ратификуваше спогодбата за Турски поток

Руската Дума ја ратификуваше спогодбата за Турски поток

Типографија

Пратениците од руската Државна дума ја ратификуваа спогодбата меѓу Русија и Турција за изградба на две траси на гасоводот Турски поток. 

Рокот на важност на договорот е 30 години, со можност за негово продолжува на периоди од пет години.

  • Пуштањето во употреба на Турски поток значително ќе ги намали транзитните ризици при пренос на руски гас преку територијата на соседните земји, но нема целосно да го реши прашањето за транзит на гас преку Украина - вели заменик-министерот за енергетика Јуриј Сентојурин.

Спогодбата, потпишана во Истанбул на 10 октомври минатата година, беше доставена од Владата на 19 декември.

Со неа се регулира проектирањето, изградбата и експлоатацијата на две морски и две копнени цевки на гасоводот Турски поток.

Гасоводниот систем ќе минува преку Црното Море од Русија до приемен терминал на турскиот брег и ќе се состои од две линии со вкупен производствен капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, секоја по 15,75 милијарди кубни метри.

Пуштањето во употреба на двата објекта е планирано за 30 декември 2019 година. Должнината на морскиот терминал е околу 920 километри, а на копнениот околу 200 километри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет