mksqen

Рис ги убива загрозените пингвини во Јужна Африка

Рис ги убива загрозените пингвини во Јужна Африка

Типографија

Јужноафриканските ренџери е обидуваат да го уловат пустинскиот за која се сомеваатдека убила околу 130 загрозени пингвини на плажа близу Кејптаун.

Откако неколкупати не успеале да го фатат натрапникот, ренџерите поставиле стапици во близина на плажата.

  • Стапицата се активира кога животното ќе згазне на неа и му ја врзува ногата. Безопасно е и не може да ја повреди мачката - изјавил Арне Пурвес од одделението за животна средина на градот Кејптаун.

Пустинските рисови се доста застапени во Африка. Тежат до 18 килограми и имаат долги и силни нозе, кратки опашки и долги уши исправени нагоре. Во градот веќе бил фатен еден таков рис и пренесен на безбедно место, но засега ренџерите имаат потешкотии да го уловат и вториот.

  • Интересно е што двете мачки заседнаа во овој реон и не сакаат да си одат. Можеби поради пожарите од 2015 година, не можат да најдат плен на други места - додал Пурвес.

Африканските пингвини се единствениот вид пингвини што се гнезди на африканскиот континент. Нивната бројност драматично во изминативе години поради загуба на живеалиштата и поради недостиг на риби во морињата. Експертите сметаат дека има уште 21.000 возрасни парови од овие птици. Неколку стотини живеат и се гнездат на плажата Болдерс во Кејптаун.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет