mksqen

2016 - втора најтопла година во САД

2016 - втора најтопла година во САД

Типографија

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти дека 2016 била втората најтопла година во САД во последните 122 години.

Жешките ноќи и тропските дождови ја одбележале годината во која рекордот го имаат урнато ноќните температури, како и Алјаска која оваа година беше 1,6 степени потопла од досегашниот рекорд во 2014 година.

САД го има забележано и вториот најголем број катастрофи поврзани со временските непогоди кои ја чинеле државата по најмалку една милијарда долари.

Во текот на овој месец ќе биде пресметана и глобалната температура што на научниците ќе им ги даде дополнителните информации за глобалното затоплување на планетата. 

Просечната  температура минатата година била 12,7 степени што е речиси три степени повисока од просекот за 20 век кој изнесувал 11,1 степен. Тоа е 20 година по ред САД да се потопли од нормалното.

За 122 години мерење на температурата само 2012 година со просек од 12, 9 степени е потопла од 2016.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет