mksqen

Санта мраз колку четвртина од Македонија се одвојува од Антарктикот

Санта мраз колку четвртина од Македонија се одвојува од Антарктикот

Типографија

Пукнатината во мразот во еден регион на Антарктикот се зголемила за колу 18 километри во последниот месец, и тоа може да доведе до отцепување на санта мраз голема колку четвртина од Македонија.

Појавата ја пријавиле британските научници што го истражуваат просторот. Ако ова се случи, може да доведе до многу побрзо распаѓање на покривката од мраз на Антарктикот и да овозможи излевање на водата од глечерите на континентот во океаните.

На подолг рок, ова би го подигнало нивото на светските мориња за 10 сантиметри. Две големи парчиња мраз веќе се отцепиле од Антарктикот оваа сезона, што се смета за последица од климатските промени. Пукнатината сега е долга околу 160 километри.

Од 2011 до 2015 година се зголемила за четириесетина километри, а во 2016 до декември уште 21 километар, и дополнителни 18 километри само за еден месец. На некои места е широка над 300 метри. Само уште 20 километри мраз ја спојуваат огромната санта со остатокот од Антарктикот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет