mksqen

Климатските промени го нарушуваат парењето на птиците

Климатските промени го нарушуваат парењето на птиците

Типографија

Потоплите зими доведуваат до рано зазеленување, а со тоа и до битни промени во нивните навики за парење.

Ова е утврдено со студијата што го истражувала однесувањето на некои птици-грабливки и нивните реакции на климатските промени. Истражувањата ги предводеле биолозите од Универзитетот во Бојзи, Шон Смит и Џули Хит, заедно со повеќемина соработници.

Тие ја следеле популацијата на американската ветрушка, позната и како сокол-ластовичка, поради малиот раст. Овој вид бил погоден за истражување бидејќи бил распространет на голема територија. Во студијата биле вклучени и ветрушки што живееле во диви грмушкасти предели, и такви што живеат во земјоделски подрачја или на пасишта. Различните региони напролет зазеленуваат во различно време, што влијае врз видот и врз изобилството на плен за ветрушките, кои се хранат со инсекти и со мали цицачи.

Резултатите од следењето што се спроведувало од 1992 до 2015 година покажале дека бидејќи земјоделските површини зазеленувале порано, ветрушките таму се гнезделе 15 дена порано од другите. Иако ова не изгледа како голема промена, сепак значи дека оние што се гнездат најрано можат двапати во годината да изведат подмладок.

  • Ветрушките може да ги претпочитаат обработливите површини наспроти другите, бидејќи во нив има повеќе и подобар плен. Поради тоа, тие можат да си дозволат да се гнездат порано - објаснува Смит.

Ова е една од првите студии што покажува како човековата адаптација на климатските промени влијае врз дивиот свет. Научниците укажуваат дека животинските видови ќе бидат погодени и од самата промена на климата, и од приспособувањето на човекот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет