mksqen

ЕПА не го продолжи рокот за намалување на потрошувачката на гориво

ЕПА не го продолжи рокот за намалување на потрошувачката на гориво

Типографија

Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) го одбила барањето од лоби групата на автопроизводителите да се продолжи рокот за намалување на потрошувачката на гориво до 2025 година.

Агецијата сака да ја направи својата одлука конечна до заминувањето од функцијата на претседателот Барак Обама, на 20 јануари.

Вршителката на должноста помошник администратор Џенет Мекејб ја информирала Алијансата на производители на автомобили, која ги вклучува повеќето големи производители што продаваат на американскиот пазар, дека нема да се повлече од својата одлука. Производителите исто така биле против тоа одлуката да се прогласи законечна. Но одбивањето на нивните барања било очекувано. Од Алијансата изјавиле дека се разочарани.

  • Администрацијата на Трамп ќе одлучи дали ќе се воведуваат новите стандарди или ќе се вратат старите - соопштиле од Алијансата.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет