mksqen

Видео: ретка дух-ајкула фатена на камера

Видео: ретка дух-ајкула фатена на камера

Типографија

Тим научници што ги истражувале длабочините на Тихи Океан имале невообичаена средба. Тие снимиле примероци од најретките химери, наречени дух-ајкули, близу Хаваите и близу брегот на Калифорнија.

Оваа сина химера со остар нос е познато дека живее во длабоките води близу Австралија, Нов Зеланд и кај француската територија Нова Каледонија. Но необичната риба претходно не била забележана на северната хемисфера.

Лори Ландстин, истражувач од Аквариумот и Истражувачки институт Монтереј Беј неодамна ги објави наодите. Видеата што ги направил тимот се единствените снимки од овој редок вид во неговата природна средина. Тие ги снимиле дух-ајкулите со помош на подморница на далечинско управување, и се консултирале со повеќе други експерти за да се осигурат дека навистина станува збор за сина химера.

Сепак, научниците укажуваат дека не може со целосна сигурност да се утврди видот на рибата во видеото без да се земе примерок за ДНК анализа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет