mksqen

Водата во три илјади населени места во САД е затруена со олово

vВодата во три илјади населени места во САД е затруена со олово

Типографија

Минатата година американскиот град Флинт во државата Мичиген го привлече вниманието на светската јавност поради затруената вода со олово.

На околу пет отсто од децата што биле испитани во градот им биле пронајдени високи концентрации на олово во крвта.

Но Флинт не е исклучок, дури не е ниту најлошиот случај, утврдила новинската агенција Ројтерс во едно свое истражување. Според достапните податоци, тие пронашле речиси 3.000 места во САД каде што стапката на затруеност со олово било најмалку двојно повисока од тоа во Флинт во врвот на кризата со загадената вода. Во повеќе од 1.100 населени места, пак, оваа стапка била најмалку четири пати повисока.

Населени места со затруена вода има насекаде низ државата, се вели во сторијата, од градот Ворен во Пенсилванија каде што кај 36 отсто од испитаните деца било пронајдено високо количество олово во крвта, до една населба на островот Гоут во Тексас, каде што тоа било пронајдено кај 25 отсто од децата. Во некои делови од големите градови, пак, како Балтимор, Кливленд и Филаделфија, труењето со олово траело со генерации, и тестовите покажале дека биле зафатени 40 до 50 отсто од луѓето.

Исто како и во Флинт, и во овие места проблемот е индустриското минато, кое ја оставило околината загадена. Но за разлика од Флинт, повеќето од овие места воопшто не го привлекле вниманието на јавноста, ниту, пак, за нив се собирале пари за да се справат со труењето со олово, се вели во истражувачката сторија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет