mksqen

Промоција на првиот соларен пат во Франција

Промоција на првиот соларен пат во Франција

Типографија

По првпат во светот, во употреба ќе биде пуштен првиот соларен пат, кој произведува електрична енергија.

Министерката за животна средина во француската влада, Сеголен Ројал ќе го промовира првиот соларен автопат во светот во малото нормандиско село Турувр. Оваа технологија, се уште е во фаза на тестирање во Франција од страна на подружницата на Буиг, Колас, за кои исто така работат Холанѓани, Американци и Германци.

Од денеска, 2.000 возачи кои просечно дневно го користат патот РД5 за да излезат од Турувр, ќе возат еден километар на соларни плочки залепен на патот.

Овие 2.800 метри квадратни плочки со изглед на пластифицирани плочки треба да овозможат да се произведе електрична енергија која ќе дозволи јавно осветлување на еден град со околу 5.000 жители според Ватвај, која го замисли проектот заедно со Колас и ЦЕА Текџ. Плочките се изработуваат од претпријатие од Турувр. Проектот е финансиран со државна субвенција од пет милиони евра.

Концептот на соларен пат предвидува лепење на соларни плочки заштитетни со „смола“ за производство на електрична енергија. Предноста според Колас, е што производство на електрична енергија не предизвикува пречки за никого, бидејќи овие површини се во просек „окупирани“ од автомобилите 20 отсто од времето. Со повеќе милиони километри патишта, Франција, теоретски, би можела да дојде до енергетска независност, поплочувајќи само една четвртина од своите патишта, нагласува компанијата.

  • Недостаток на техниката е што рамните соларни плочки произведуваат помалку електрична енергија од накосо поставените соларни паноа. За „300 киловат часови инсталирани," патните плочки произведуваат „5 до 10 киловати помалку" од соларните паноа на покривите - објаснува Жан-ШарлсБруазат, директор на Ватвај.

Скептиците, исто така чекаат да видат дали плочките се ефикасни, односно дали со текот на времето, надвор од лабораторија, тие ќе се покажат ефикасни и издржливи на поминувањето на тешките камиони и временските услови. Особено, треба да се најде и екононскиот модел, затоа што денес Ватвај чини 17 евра за поврзана мерна единица на соларна енергија,  наспроти 1.3 евра за соларна енергија од покрив.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет