mksqen

Видео: пет начини како да го намалиме затоплувањето за 10 години

Видео: пет начини како да го намалиме затоплувањето за 10 години

Типографија

Светскиот економски форум објави видео со кое се сугерираат пет мерки што светот треба да ги преземе за да се намали глобалното затоплување во наредниве 10 години.

Првата мерка е да се исфрли јагленот од употреба во производството на енергија. Втората е да се воведе електричен превоз, почнувајќи од автомобилите.  Со третата се предвидуваат „зелени домови“, кои треба да бидат енергетски што понезависни. Четвртата, пак, е препорака во земјоделството да се употребуваат технологии што максимално ги ограничуваат емисиите на јаглерод диоксид. И петтата е веднаш да се запре со сечата и деградацијата на дождовните шуми насекаде.

Ако се спроведе сето ова, според Светскиот економски форум, глобалното затоплување ќе се задржи на 1,5 Целзиусови степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет