mksqen

Г-20 сака компаниите да ги знаат ризиците од климатските промени

Г-20 сака компаниите да ги знаат ризиците од климатските промени

Типографија

Глобалната работна група Г-20 формирана за да ги спречи на пазарот шоковите од затоплување на планетата ќе побара од компаниите да откријат како тие во нивните бизниси се справуваат со ризиците од климатските промени и што прават за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Иако, мерките препорачани од страна на Работната група се доброволни некои од нејзините членови тврдат дека тие треба да станат задолжителни.

  • Само тогаш климатските ризици ќе станат составен дел на бизнисот - вели Марк Вилсон, извршен директор на фирма Авива Саладин.

Се препорачува  фирмите да откријат како тие ги идентификуваат, проценуваат и управуваат со климатските ризици и можности и како тоа на краток, среден и долг рок влијание на нивниот бизнис, стратегија и финансиско планирање.

Тие, исто така треба да опишат како влијае потенцијалното глобално зголемување на температурата до 2 степени Целзиусови на нивниот бизнис, и како намалувањето на емисиите на стакленички гасови ќе влијае на нивната крајна линија.

Енергија, транспорт, материјали и згради, земјоделството, шумарството и прехранбени производи, банки, осигурителни компании се веројатно сектори кои се најмногу изложени на финансиски влијанија поврзани со климата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет