mksqen

102 милиони дрвца - жртви на сушата во Калифорнија

102 милиони дрвца - жртви на сушата во Калифорнија

Типографија

Калифорниската шестгодишна суша остави 102 милиони мртви дрвја низ 7,7 милиони акри шуми.

Ова го објави шумската служба на САД. Ако тоа не е доволно страшно,тогаш треба да се знае дека  62 милиони дрвја се исушиле во 2016 година сами, што претставува зголемување од повеќе од 100 отсто во споредба со 2015 година.

  • Степенот на умирање на дрвјата во Калифорнија е без преседан во нашата понова историја - вели Ренди Мур, од службата за шуми на САД

Адријан Дас, еколог на САД за геолошко истражување вели дека ако погледнете на ридот од страната на некој пат, може да видите цели ридови исушени дрвја, што е застрашувачки.

Повеќето од мртви дрвја се наоѓаат во 10 земји во јужниот и централниот регион Сиера Невада.

Пет години по ред има суша во Калифорнија, а тоа носи драматичен пораст на наезди од инсекти во кората, и со порастот на температурата доаѓа до умирање на дрвото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет