mksqen

Поради загадувањето во Њу Делхи е забранета продажбата на петарди

Поради загадувањето во Њу Делхи е забранета продажбата на петарди

Типографија

Врховниот суд на Индија донесе одлука за забрана за продажба на петарди и пиротехнички средства во Њу Делхи, град кој на почетокот на овој месец го зафати големо загадување на воздухот.

Во Индија е обичај за празник кој е на крајот на октомври да се испалуваат огномети и петарди, поради што главниот град беше прекриен со густа магла со отровни честички.

Врховниот суд после тоа загадување им наложи на властите да преземат мерки против загадувањето на воздухот и донесе одлука во Њу Делхи да престане давањето лиценци за продажба на петарди и пиротехнички средства. Квалитетот на воздухот е подобрен после индиските празници, но сепак е далеку над дозволената граница.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет