mksqen

Блокирана експлоатацијата на нафта во Северниот леден океан

Блокирана експлоатацијата на нафта во Северниот леден океан

Типографија

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го блокирала планот за дупчење на нафта и гас во Северниот леден океан.

На тој начин се признава победата на активистите за заштита на животната средина кои предупредуваа дека индустриските активности во ледените води може да ги загрозат цицачите и да го зголемат глобалното затоплување.

Објавата за промена на петгодишниот план за експлоатација на нафта и гас ќе го блокира планираното продавање на правата за дупчење во Чукотско и Бофорово море, северно од Алјаска.

Планот дозволува истражување кај Алјаскиниот залив, југозападно од Енкориџ.

Речиси 400 научници го потпишаа писмото во кое апелираа до Обама да ги елиминира можностите за дупчење во ледените води. 

Функционери од Алјаска пак ја поддржуваат експлоатацијата на нафта и гас.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет