mksqen

Газпром со нов дневен рекорд на извозот на гас - 597,9 милиони кубни метри

Газпром со нов дневен рекорд на извозот на гас - 597,9 милиони кубни метри

Типографија

Шести пат есенва Газпром регистрира историски дневен максимум на извозот на гас за Европа, откако вчера компанијата испорача 597,9 милиони кубни метри гас, се посочува во соопштение од Газпром.

Зголемувањето во однос на 10 ноември, кога беше поставен претходниот рекорд (591,7 милиони кубни метри), е за 6,2 милиони кубни метри.

Според податоците на Газпром за периодот јануари-октомври 2016 година испораките за таканаречените далечни земји (земјите надвор од ЗНД) нараснаа за 10 проценти на годишна основа или за 13,05 милијарди кубни метри гас.

Во 2015 година холдингот го зголеми извозот за Европа за осум проценти, до 159,4 милијарди кубни метри.

Првиот човек на компанијата Алексеј Милер претходно изјави дека годинава извозот може да надмине 170 милијарди кубни метри, а не ја исклучи и можноста и следната година да се зачуваат вака високите износи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет