mksqen

Фосили од школки содржат архива од емисии на јаглерод диоксид

Фосили од школки содржат архива од емисии на јаглерод диоксид

Типографија

Делтата на реката Колорадо во САД порано била широка зелена сливна површина, со ливади, грмушки и трски, а денес е опустинето подрачје.

Научниците истражуваат како нивоата на јаглерод диоксидот во ова подрачје придонел кон развојот на таа ситуацја.

  • Многу работевме во САД за да ги промениме водните системи, да направиме брани на нив. Реката ги наводнува нашите полиња и произведува енергија за нас. Но тоа што не го сфаќаме е како нашето лошо управување со водата влијае врз другите природни системи, во овој случај врз јаглеродниот циклус  - вели Џенсен Смит, кандидат за доктор на науки за земјата и за атмосферата на Универзитетот Корнел.

Смит е главен автор на студијата „Фосилите од школките ги откриваат ненамерните последици врз јаглеродниот циклус од управувањето со реката Колорадо“. Новина во ова истражување е што со комбинирање на биолошки и палеолошки методи, за да утврди како една речиси опустинета речна делта придонела да се зголеми присуството на јаглерод диоксид во атмосферата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет