mksqen
26
Пон, Јул
0 Нови / 7 дена

Двојно зголемени шумските пожари во САД поради климатските промени

Двојно зголемени шумските пожари во САД поради климатските промени

Типографија

Климатските промени предизвикани од човекот предизвикале да се удвои површината зафатена од шумски пожари во западните делови на САД во последниве 30 години, покажала една нова студија.

Според истражувањето, растот на температурите и сушите предизвикале пожарите да се шират на дополнителни 42.000 квадратни километри во однос на порано. Тоа е еднакво на целата територија на Холандија или на Швајцарија. Авторите на истражувањето предупредуваат дека ако затоплувањето продолжи, пожарите исто така ќе се шират.

  • Што и да правиме, пожарите ќе продолжат да се шират, а причината за тоа е јасна. Климата е таа што одлучува што ќе изгори. Треба да се подготвиме за поголеми сезони на пожари од тие со кои се соочиле претходните генерации - вели еден од авторите, Парк Вилијамс.

Површините зафатени од пожари почнале нагло да се зголемуват во САД од 1980-тите години. Ова е една од првите што го мери тој раст и го поврзува со климатските промени.

  • Многу луѓе ги поврзуваат пожарите и климатските промени. Минатата година гувернерот на Калифорнија го нарече ова „новата нормала“. Ние сакавме да вметнеме бројки во сето тоа - вели главниот автор Џон Абатзоглу.

Бидејќи топлиот воздух може да задржи повеќе влага, таа се извлекува од растенијата, од мртвата вегетација и од почвата. Како што се зголемуваат температурите, растенијата се повеќе се сушат и со тоа условите за пожари се зголемуваат. Авторите на студијата велат дека големиот раст на опожарените површини е резултат на тој процес.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет