mksqen

Ново истражување: кањон се прави со помалку вода

Ново истражување: кањон се прави со помалку вода

Типографија

Геоморфолозите што ја проучуваат површината на земјата и како таа се оформила долго време бараат одговор на тоа како поплавите можат да ја променат површината, и тоа не само на Земјата, туку и на Марс. Тие особено биле заинтересирани за катастрофалните излевања како кога ќе се ослободи глацијално езеро.

Новите истражувања на американските научници Исак Ларсен и Мајкл Ламб покажале дека за да се оформи длабок кањон во карпеста подлога е потребно многу помалку вода отколку што се мислело порано. Тие истакнуваат дека овие сознанија се важни за подобро да се разбере како поплавите ја менуваат површината на планетите, каква била хидрологијата на Марс порано, и какви последици може да донесат климатските промени.

Двајцата научници велат дека има многу фактори што влијаат врз оформувањето на еден кањон, како обликот на долините и на надолнините на Земјата и на Марс. Но додаваат дека според нивниот модел на проучување, познатите кањони во источниот дел на државата Вашингтон биле издлабени со пет до десет пати помалку вода отколку што се мислело порано. Овие кањони се широки до пет километри и длабоки до 200 метри.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет