mksqen

Евакуирана зоолошка бидејќи избегале лавовите

Евакуирана зоолошка бидејќи избегале лавовите

Типографија

Вработените и припадници на полицијата трагаат по два лава коишто избегале од своите кафези во зоолошката градина во Лајпциг.

Посетителите кои влегле, биле евакуирани согласно протоколот за вонредна состојба.

Од управата на золошката градина изјавиле дека двата лава Мајо и Мошегеци се стари по една година, а во Лајпциг дошле во август од золошката градина во Базел.

Според информациите од управата, лавовите не можеле да излезат од затворениот простор на золошката градина во урбана средина. Зоолошката градина ќе биде отворена за посетители откако ќе бидат пронајдени двете големи мачки.

По еден ден, еден од лавовите бил повторно фатен, а другиот морало да биде убиен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет