mksqen

Отворена реката Јелоустоун, по големиот помор на рибите

Отворена реката Јелоустоун, по големиот помор на рибите

Типографија

Властите во американската сојузна држава Монтана ја тргнале забраната за риболов и за рекреација од дел од текот на реката Јелоустоун, каде што пред еден месец смртоносен воден паразит усмрти илјадници риби и тешко ја погоди локалната економија.

Се претпоставува дека за појавата на паразитот придонеле жешкото и суво време, како и нискиот водостој на реката. Во државата Монтана, спортскиот риболов е омилена рекреација за жителите, и нивни главен адут за привлекување туристи, од што се собираат милиони долари секоја година.

Со наредба на 19 август, беше затворен голем потег на реката, со должина од 295 километри, каде што се забрани и риболовот и секоја друга рекреација. Постепено се тргаше забраната од различни делови, а со новата одлука таа се отстрани и од последниот дел од 27 километри, близу градот Ливингстон. Затворањето беше наредено од државните власти и надлежната агенција, откако се појави паразитот. Околу 2.000 угинати риби биле најдени на брегот, а се претпоставува дека угинале над 20.000.

Пониските температури и зголемениот водостој поради врнежите во последниов период обезбедиле подобри услови за живиот свет во реката. Локалните жители велат дека загубите се големи, бидејќи последните две недели од август обично им биле најпрофитабилни. Но тие се уште повеќе загрижени од ризикот оваа ситуација да се повтори и во наредните сезони. Добрата вест е, пак, дека паразитот не ги напаѓал пастрмките, кои се најценети од риболовците, туку други риби, па сега пастрмката ќе има подобри услови за раст на популацијата, зашто ќе има помала конкуренција за храна.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет