mksqen

Дваесетина држави ќе создадат 40 заштитени подрачја во океаните

Дваесетина држави ќе создадат 40 заштитени подрачја во океаните

Типографија

Соединетите американски држави се меѓу дваесетината држави што најавуваат дека ќе создадат 40 нови заштитени подрачја во океаните, за да ги заштитат од загадување и од заканите поради климатските промени.

Целиот план треба да биде објавен на конференција на високо ниво во Вашингтон, а засега се знае дека САД првпат ќе прогласат споменик на природата во Атлантски Океан. Заштитата ќе подразбира ограничување на комерцијалното користење на тие подрачја и на човековото влијание воопшто.

Вкупно ќе биде ставена под заштита површина од речиси 1,2 милиони квадратни километри во океаните, што територија двапати поголема од Франција. Американскиот споменик на природата изнесува 12.724 квадратни километри, или колку половина од Македонија и ќе опфаќа подводни планини и кањони покрај североисточниот брег на САД. Ова е втора ваква одлука од САД за кратко време, откако минатиот месец беше значително проширено заштитеното подрачје околу Хавајските острови.

Противниците на оваа идеја реагирале дека таа ќе има силно негативно влијание врз индустријата за морска храна што е многу развиена во тој регион. Но американските власти велат дека целта на прогласувањето е пред се да се заштитат најзагрозените подрачја.

Се очекува на конференцијата да се најават мерки за заштита на океаните од пластичен отпад, бидејќи се проценува дека до 2050 година во нив ќе има повеќе пластични шишиња отколку риби.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет