mksqen

Општината Центар воведува ЛЕД технологија во уличното осветлување

Општината Центар воведува ЛЕД технологија во уличното осветлување

Типографија

Општината Центар ќе го модернизира системот на јавно осветлување со воведување ЛЕД технологија со автоматски систем за регулација и детекција на дефекти.

Со ова, како што беше истакнато на денешната прес-конференција, граѓаните ќе добијат безбедност, економичност, автоматски систем за регулација и детекција на дефектите, отстранување на нелегалните осветлувања и ќе се заштити животната средина.

  • Еден од проблемите со кои континуирано се соочуваме е соодветното осветлување на јавните површини. За жал, со сегашната состојба на системот за јавно осветлување, не бевме во можност да создадеме услови какви што заслужуваат нашите граѓани. Застарените системи, недоволната застапеност на канделабри и старите светилки претставуваа голем проблем за општина Центар. Токму затоа, донесовме одлука за модернизирање на системот за јавно осветлување - истакна градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Со новото осветлување се очекува да бидат заштедени од 60 до 80 проценти од трошоците за енергија на годишно ниво, односно секоја година општината ќе штеди минимум 250 илјади евра. Целокупниот проект е проценет на 2.081.000 евра, а заштедата од замената е проценета на 3.850.000 евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје