mksqen

Тафталиџе со забава го бранеше паркот на Букурешка

Тафталиџе со забава го бранеше паркот на Букурешка

Типографија

Со жива свирка, настапи на локални диџеи, изложба и други настани жителите на населбата Тафталиџе ја продолжија својата кампања за спас на паркот на улицата Букурешка, каде што е планирано да се гради стамбена зграда.

Жителите деноноќно дежураат околу паркот и не дозволуваат да почнат градежните работи. Неколку пати тие излегуваа со жив штит пред градежните машини испратени од државното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор, кое треба да ја гради петкатницата на местото на паркот. Бараат од градоначалникот и од советот на општината Карпош да го сменат деталниот урбанистички план и да го спасат паркот, за кој велат дека е единствен во овој дел од градот и неговото уништување драстично би им ги влошило условите за живот.

Од надлежните засега нема позитивни сигнали дека ќе се исполнат барањата на жителите. Напротив, имаше дури и најави за тужби против станарите што ги попречувале градежните машини да почнат со работа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје