mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се чисти коритото на Сува Река во општината Илинден

Се чисти коритото на Сува Река во општината Илинден

Типографија

Во општината Илинден во тек е чистење на дел од коритото на Сува Река што минува низ населените места Дељадровци, Текија и Миладиновци, во должина од 5.000 метри, соопшти денеска општината.

Со чистење на речното корито обраснато со густа вегетација од капини, трска, шибје, дрвја, како и наноси од земја и отпадоци, покрај обезбедување проточност на водите, укажува општината, се придонесува и за подобрување на животната средина.

Сува Река е второто сливно подрачје во Илинден што ги зафаќа водите од шест населени места: Дељадровци, Текија, Миладиновци, Бучинци, Мршевци и Бујковци. Другиот дел од општината се одводнува преку 120 километарска мрежа на отворени одводни канали.

  • Редовното и континуирано чистење и одржување на оваа каналска мрежа со запазување на профилите на каналите и нивелацијата на теренот останува во врвот на приоритетите на општината Илинден, со цел системот за зафаќање и одведување на атмосферските води нормално да ја исполнува својата функција - се вели во соопштението.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје