mksqen

Ќе се испитува загаденоста на почвата во поплавените подрачја

Ќе се испитува загаденоста на почвата во поплавените подрачја

Типографија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја испитува почвата во поплавените подрачја.

Примероци ќе бидат однесени на анализа во лаборатории и за 10 дена ќе се знае дали земјоделците ќе можат повторно да ги сеат и обработуваат нивите, најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Тој денеска беше во посета на Страчинци заедно со Деканот на Факултетот за земјоделски науки Драги Димитриевски, со професори од Факултетот и стручни лица за да земат примероци.

  • Целта на посетата е на лице место да земеме мостри од почвата со помош на стручните лица од Факултетот за земјоделски науки и понатаму тие примероци да влезат во анализа во нивните лаборатории и да се испита составот на почвата, на земјиштето и да се направи агрохемиска анализа и микробиолошка анализа да се увиди дали почвата има некои загадувања или е целосно контаминирана - рече тој при посетата на селото Страчинци.

Потенцира дека доколку почвата е загадена ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје