mksqen

Германска компанија во Илинден ќе преработува отпадни масла

Германска компанија во Илинден ќе преработува отпадни масла

Типографија

Германската компанија „Г.Р.А.Д. Екологија“ почна да го гради својот погон во економската зона „Стопански комплекс Илинден“ во истоимената општина, каде што ќе произведува дизел гориво преку каталитичка деполимеризација, односно со трансформација на отпадните масла во дизел.

Станува збор за инвестиција во вредност од 12 милиони евра со која ќе биде изграден објект од 19.334 квадратни метри во кој првично ќе бидат вработени 40 работници што ќе произведуваат дизел гориво по единствена технологија во светски рамки за заштита на животната средина.

Како што информира Мено Милер, претставникот на менаџерскиот тим на „Г.Р.А.Д. Екологија“ од Германија постројката што ќе се гради во општина Илинден ќе работи по иста технологија како веќе постојните објекти на фирмата во Германија, Шпанија, Швајцарија, Полска, Австрија, Мексико, Канада и САД.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје