mksqen

Во Илинден учениците со зеленило се борат против загадувањето

Во Илинден учениците со зеленило се борат против загадувањето

Типографија

Учениците и наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ се вклучија во проектот „Со зеленило против загадувањето“, што во организација на општина Илинден ќе се реализира овој месец.

Општина Илинден информира дека со цел кај учениците да се развива еко свеста за чување на животната средина и зачување на сопственото здравје, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“ се одржал час на отворено.  Учениците се вклучиле во уредување на училишниот двор и засадиле цвеќиња, а било опфатено изразување и творење на тема екологија и ликовни творби „Преку слика до почист и поубав свет“.

  • Со проектот за раззеленување се опфатени 20 локации на површина од 60 илјади метри квадратни, каде е предвидено да бидат засадени илјада садници со што ќе се даде значаен придонес во заштитата на животната средина и обезбедување почист воздух - соопштуваат од општина Илинден.

Во реализацијата на овој проект се вклучени граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија и општинската администрација.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје