mksqen

Карпош продолжува да ги менува покривите за станбените згради

Карпош продолжува да ги менува покривите за станбените згради

Типографија

Со поддршка на општина Карпош стариот покрив со салонитни табли на станбена зграда на улицата Јуриј Гагарин број 54 ќе биде заменет со ребраст лим.

Според градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, целта на оваа акција е во следните четири години да се променат сите азбестни покриви кај индивидуалните и колективните објекти кои се наоѓаат на територија на општината.

  • Во таа насока, досега имаме доделено 19.600 метри квадратни  висококвалитетен бел ребраст лим. Инаку, за минатата и оваа година, за оваа намена се планирани  38 милиони денари  буџетски средства, од кои досега сме потрошиле околу 9,5 милиони денари - изјави градоначалникот Јакимовски.

Јакимовски, како што се наведува во соопштението на општина Карпош, посочи дека за оваа инвестиција локалната самоуправа од својот буџет  ќе издвои околу 528 илјади денари, а изведувач на градежниот зафат е фирмата „Поди Трејд“.

  • Ова е веќе осма зграда кај која се реконструира стариот покрив од средства кои ги обезбеди нашата општина. Имено, ние ги покриваме трошоците за набавка на лимот, хоризонталните олуци, ветер-лајсните, слемето и опшивките околу оџаците и вентилациите. Граѓаните обезбедуваат средства за работна рака и го бираат изведувачот на градежните активности - изјави Јакимовски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.