mksqen

Град Скопје: Зимската служба ги чисти коловозите и тротоарите од мраз и снег

Град Скопје: Зимската служба ги чисти коловозите и тротоарите од мраз и снег

Типографија

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и од тротоарите на градските улици и булевари.

Градските власти информираат дека за чистење на тротоарите ангажирани се 170 работници од ЈП „Комунална хигиена“ кои се на терен во три смени.

  • Расчистувањето се вршеше на плоштадите Македонија и ВМРО, како и во Старата Чаршија, на пешачките патеки, тротоарите и скалите на мостовите „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. Во расчистувањето на снегот, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користеа втоварувач  и кипер - се невадува во соопштението.

Од Град Скопје препорачува возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Тие апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје