mksqen

Без парно делови од Центар и Карпош

Без парно делови од Центар и Карпош

Типографија

Дел од централното градско подрачје и делови од општина Карпош се без парно греење поради губење вода во топлинската мрежа.

Компанијата „Балкан Енерџи груп“ соопшти дека екипите на Дистрибуција со топлина веќе се на терен и интензивно работат на санација на дефектот и воспоставување режим на редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи. 

  • Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи да биде воспоставено во најкраток можен временски рок - се вели во соопштението од БЕГ.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02-3076-200.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје