mksqen

Ново зеленило на булеварот Свети Климент Охридски

Ново зеленило на булеварот Свети Климент Охридски

Типографија

Општина Центар почна со хортикултурно уредување на просторот на булеварот Свети Климент Охридски, спроти бензинската Макпетрол која се наоѓа на улицата Орце Николов.

  • Жителите на Центар ќе добијат нова, јавна зелена површина од 650 метри квадратни. На локацијата ќе бидат засадени 420 садници од девет различни видови, со интересна геометриска поставеност. Дел од нив се зимзелени садници, зимзелени грмушки, листопадни грмушки, дел и цветни - соопштуваат од општина Центар.

На локацијата ќе се засадат и 12 јавори со крошна во вид на чадор, поставени на квадратна основа. На целиот дел ќе биде поставен тревен бусен, а за одржување и поубав изглед на зеленилото, ќе има автоматски систем на полевање.

Новиот зелен простор во општина Центар ќе биде завршен на пролет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје