mksqen

Предновогодишна трка до врвот на Водно

Предновогодишна трка до врвот на Водно

Типографија

Сите заинтересирани планинари и велосипедисти утре ќе можат да се придружат на последното искачување на Водно за годинава. 

Турата ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

Стартот за сите учесници е закажан во 9 часот пред училиштето „Кочо Рацин“.  На целта на врвот на Водно во планинарскиот дом, за групата ќе биде послужено посно тавче гравче, кое го обезбеди производителот „МАМА ’ С“.

Се препорачува сите учесници да понесат облека и опрема соодветна за овој дел од годината за ден поминат во планина.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје