mksqen

Мрдни со прст - кампања за подигнување на јавната свест

Мрдни со прст - кампања за подигнување на јавната свест

Типографија

Со флеш-моб и граѓанска акција во Скопје почна големата кампања за подигнување на јавната свест „Мрдни со прст“, на која повеќе од стотина граѓани учествуваа во паркот со авион во Аеродром и формираа еден од заштитните знаци на кампањата дланка со подигнат палец во форма на „лајк“.

По флеш-мобот, како прва официјална акција во рамките на кампањата, граѓаните заедно со Сојузот на извидници на Македонија и извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ од Скопје спроведоа акција за чистење на сметот од околината на паркот.

Главната цел на кампањата, како што информираат од тимот на „Мрдни со прст“, е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Кампањата „Мрдни со прст“ вклучува низа активности во наредните неколку месеци и испраќа порака која ги охрабрува и поттикнува граѓаните да размислат за нивната лична одговорност и интерес во решавањето на општествените прашања кои најмногу ги засегаат. 

Во рамките на кампањата ќе бидат организирани многубројни акции во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) низ целата земја.

Активна е и веб платформата  www.mrdnisoprst.mk на која граѓаните ќе можат да ги следат сите активности на кампањата, и граѓанските иницијативи кои кампањата ќе ги промовира. Платформата им дава можност на граѓаните  да пријават проблеми во нивните заедници, да предложат можни решенија, но и да се придружат на веќе постоечки граѓански акции. На веб платформата има и бројач на прсти кој ќе ги брои сите прсти кои „мрдаат“, и тоа од социјалните медиуми па се до реалните активности на терен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје