mksqen

„Вози право, вози здраво“- трка за чисти транспортни средства

„Вози право, вози здраво“- трка за чисти транспортни средства

Типографија

Во Скопје денес ќе биде одржана ревијалната трка „Вози право, вози здраво“. Трката има за цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето на чисти транспортни средства.

„Вози право, вози здраво 2“ ќе се одвива во два дела, ревијална трка и забава. Трката ќе стартува во 17 часот од Детскиот велодром во паркот „Македонија“ спроти Веро Тафталиџе, а целта е на влезот во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев. За сите учесници ќе бидат обезбедени репрезентативни материјали, а броевите на учесниците ќе учествуваат во извлекувањето на наградната лотарија богата со вредни награди. Организатор на трката е Стопанска банка - Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје