mksqen
25
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Дезинсекција околу целото Преспанско Езеро

Дезинсекција околу целото Преспанско Езеро

Типографија

Центарот за јавно здравје од Битола почна дводневна дезинсекција за уништување комарци на подрачјето на општината Ресен, што е трета таква акција годинава.

Оттаму информираат дека акцијата почна синоќа и се одвивала до раните утрински часови, а ќе продолжи вечер од 20 часот.

  • Со дезинсекцијата се опфатени зелените површини на крајбрежјето од Преспанското езеро и туристичките локалитети Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, како и населените места Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово и Наколец. Исто така дезинсекција ќе се врши по течението на Брајчинска Река, Кранска Река и Голема Река и колекторскиот систем на селото Езерани - соопштуваат од центарот.

Акцијата за дезинсекција на подрачјето на општината Ресен се одвива со буџетска поддршка и соодветна програма на локалните власти.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија