mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се собираат илјадници потписи за затворање на битолската зоолошка

Се собираат илјадници потписи за затворање на битолската зоолошка

Типографија

Меѓународната организација за заштита на животните (ОИПА) бара да се затвори зоолошката градина во Битола поради, како што велат, лошите услови во кои се чуваат животните.

Организацијата се обратила и до државните власти и до градските власти во Битола со барање да се преземе нешто за животните. Но откако не добила никаков одговор, отворила онлајн-петиции на неколку места (change.org, care2 и на станицата на ОИПА), кои ги потпишале над десет илјади луѓе.

  • Читајќи ги коментарите на петицијата гледаме дека многу граѓани на Битола потврдуваат дека зоолошката не е соодветна за чување животни. Неколку кафези неодамна биле поправени, но многу други и натаму се мали и животните се чуваат во ужасни услови - велат од организацијата.

Од ОИПА нагласуваат дека тие се против постоењето на какви било зоолошки градини, бидејќи сметаат дека со нив се заробуваат животните заради профит.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија