mksqen

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

Македонија и Бугарија заедно ќе извезуваат земјоделски производи во Кина

Типографија

Бугарија и Македонија ќе соработуваат во извоз на земјоделски производи за кинескиот пазар, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков по средбата во Софија со бугарската колешка Десислава Танева.

Според Цветков, Македонија и Бугарија тешко ќе можат самостојно да извезат свежо овошје и зеленчук во Кина поради големата далечина, но со заеднички заложби пристапот на огромниот кинески пазар не е недостижен.

  • Имајќи ја предвид огромната далечина подобро е да се насочиме на конзервирано земјоделско производство. Ние во Македонија произведуваме и многу убави вина. Може да се насочиме на конзервирано овошје и зеленчуци, месни производи, млечни производи со кои и вие во Бугарија располагате. Свежите земјоделски производи навостина многу тешко ќе можат да се пласираат поради големата далечина - рече Цветков.

Двајцата министри, како што пренесе бугарската телевизија Канал 3, разговарале и за размената на земјоделски производи меѓу Македонија и Бугарија.  Според Цветков, податоците за сегашната размена не одговара на можностите на двете земји.

Освен можностите за размена, двајцата министри се осврнале и на болеста јазлеста кожа која беше откриена во почетокот на април кај говедата во областите на Хасково и Стара Загора, а во се појави и во другите балкански земји.

  • Неопходни се заеднички напори и организација за да се справиме со оваа болест бидејќи нејзините преносители немаат граници. Тоа беше и поводот да се сретнам со министерката Танева - рече Цветков.

Двајцата министри разговарале и за бугарското искуство во земјоделството по приемот на земјата во Европската унија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија