mksqen

Преспа се подготвува за масовен туризам во идните сезони

Преспа се подготвува за масовен туризам во идните сезони

Типографија

Преспа годинава ја имаше најдобрата туристичка сезона во последните 15 години, оцени градоначалникот на општината Ресен Ѓоко Стрезовски.


За време на викендите, според него, имало и над 10.000 посетители. Според тоа, Стрезовски заклучува дека инвестициите во уредување на плажитево Стење и Сливница, кои ја чинеа државата 77 милиони денари, дале резултати. Тој смета дека ако се уредат плажите и во другите крајбрежни населби, како Претор, Крани и Отешево, Преспа ќе стане дестинација не само за алтернативен туризам, туку и за масовен.

За да се привлечат повеќе туристи се гради и пешачка и велосипедска патека од пет километри, во два дела. Едниот ги поврзува Претор, Сливница и Крани, а другиот се гради во Стење.

  • Согласно проектот, патеката ќе им биде на располагање за рекреација за пешаците и на велосипедистите , и ќе има клупи и осветлување, така што посетителите ќе можат и да уживаат во околината која ја нуди преспанското крајбрежје - итакна градоначалникот Стрезовски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија