mksqen

Заврши четвртата работилница за развој на еколошкото истражувачко новинарство

Заврши четвртата работилница за развој на еколошкото истражувачко новинарство

Типографија

Во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ финансиски поддржан од ЕУ, од 1 до 3 септември се реализираше четвртата работилница: пробна програма за еколошко истражувачко новинарство.

Учесниците имаа можност заеднички да работат на дефинирање на темата за истражување, да истражуваат за извори на информации, документи, засегнати страни, детектирање на надлежни институции и експерти, можни сведоци, дефинирање на приоритети и принципи, согледување на политички интереси, бизнис интереси, можни притисоци и закани, позитивни и негативни последици, истражување дали е претходно истражувано за избраната сторија и на кое ниво. Темата „Колку чини системот со интегрирано управување со отпад“ го предизвика интересот кај учесниците.

Оваа работилница всушност беше практична вежба пред јавниот повик за финансиска поддршка за еколошки истражувачки стории кои наскоро треба да биде објавен.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS