mksqen

Успешна наводнителна сезона од хидросистемот Брегалница

Успешна наводнителна сезона од хидросистемот Брегалница

Типографија

Подружницата Брегалница на Водостопанство Македонија денеска соопшти дека успешно ја завршила наводнителната сезона за полињата што ги опфаќа системот, во атарите на општините Виница, Кочани, Штип и Свети Николе.

Како што соопштија одговорните, сезоната завршила без проблеми и дефекти во системот.

  • Годинешната наводнителна сезона можам да истакнам дека е мошне успешно завршена. Ги сумираме резултатите од терен и истите се повеќе од задоволителни. За прв пат наводнувањето го започнавме на 8 април со искористување на водите од реките Брегалница, Кочаснка, Зрновска и Оризарска, а од Хидросистемот водата беше пуштена по десниот магистрален канал на 20 април оваа година - изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.

Според Гоцев, на стартот на наводнителната сезона во акумулацијата Калиманци биле собрани 110,7 милиони кубни метри вода, а биле искористени 68,5 милиони кубни метри, што е во рамките на планираното за да се обезбедат со вода околу девет илјади хектари засадени со разновидни култури. , при што биле наводнувани 9.000 ха под разновидни кулктури. Во Калиманци за наредната сезона остануваат акумулирани 41,3 милиони кубни метри вода.

Во Водостопанство Брегалница од Кочани ја истакнуваат и успешната соработка со земјоделците од теренот со кои веќе се потпишани договори за користење на водата во текот на годината.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија