mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Диви животни оштетиле земјоделски посеви во дебарските погранични села

Диви животни оштетиле земјоделски посеви во дебарските погранични села

Типографија

Во неколку дебарски погранични села диви животни направиле штета во земјоделските посеви.

  • Станува збор за чопор од диви свињи и мечка. Мечката е заштитена, а другиот дивеч не можеме да го застрлуваме зашто не е ловна сезона. Доколку не се преземе нешто целиот труд ќе ни биде за бадијала - вели Дилавер Дема, од селото Коњаре.

Тој додава дека сопственици на земјоделски посеви, со пченка и градинарски култури, во атарите на ова, како и селата Спас, Селокуќи, Шулан, кои се во близина на македонско албанската граница, имале средба со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и со Началникот на граничната полиција, Регионален центар-Запад, Џелал Љата. На средбата, надлежните ветиле соодветни мерки за заштита од дивечот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија