mksqen

УХМР: Врменските услови ќе овозможат стабилно земјоделско производство

УХМР: Врменските услови ќе овозможат стабилно земјоделско производство

Типографија

Стабилното и суво време во изминатата седмица овозможи постепено санирање на последиците од невремето кај земјоделските култури во Скопскиот регион, особено на деловите каде оштетувањето не е целосно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму потенцираат дека во останатите делови од земјава претходните врнежи од дожд беа добредојдени и има дозревање и берба на средностасните сорти на овошки, десертните сорти на грозје, како и берба на тутунот од средните инсерции.

  • Според последните мерења на важноста во почвата, влага има доволно особено во подлабоките слоеви, за завршување на преостанатите процеси кај виновата лоза и овошките како многугодишни насади. Ова е период оптимален за жетва на пченката за силажа, која се наоѓа во фаза на восочна зрелост и добар развој на лисна маса, фактори неопходни за силажа со добар квалитет. Во наредната седмица очекуваните температури од 30 до 33 Целзиусови степени со повремена облачност ќе придонесат за нормален развој на процесите на зреење кај грозјето и овошките, како и изведување на земјоделските работи на терен, особено во градинарството - посочуваат од УХМР.

Ваквите временски услови, додаваат, според нашите согледувања ќе овозможат стабилно земјоделско производство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија