mksqen

Се чисти коритото на реката Луда Мара во Кавадарци

Се чисти коритото на реката Луда Мара во Кавадарци

Типографија

Работници и механизација на јавното комунално претпријатие од Кавадарци деновиве го чистат коритото на реката Луда Мара во градот.

Како што вели Ѓорѓи Поп Ицов, раководител на работната единица „Хигиена и зеленило“ во претпријатието, се отстранувале наноси од песок, тиња, камења и друг материјал, што поради разни причини се наталожиле во реката.

  • Се работи за поголема количина од над 100 кубни метри. Редовно интервенираме, годишно по неколку пати, особено на местата на кои најчесто се собира отпаден материјал - рече Поп Ицов.

Тој нагласи дека чистењето на речното корито е само една од многубројните активности кои ги имаат деновиве, во пресрет на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија