mksqen

Ѓубрето од полошкиот регион ќе може да се носи во Русино

Ѓубрето од полошкиот регион ќе може да се носи во Русино

Типографија

Со почетокот на акцијата за чистење на локалниот пат кој води од селото Долна Бањица до депонијата Русино, закажан за денес, ќе започне решавањето на проблемот со депонирање на отпадот од Полог.

Акцијата,која ќе биде поддржана од сите општини од полошкиот регион, и произлезе како обврска од договорот што вчера попладне бил постигнат помеѓу градоначалниците и жителите од населените места во близина на регионалната депонија, информираат од општината Гостивар.

На вчерашниот состанок на општините градоначалнците го прифатија барањето на месните заедници на населените места во близина на депонијата за формирање заедничко координативно тело, кое ќе се состои од по еден претставник од секоја општина, еден претставник од Министерството за животна средина и по еден претставник од месните заедници погодени со проблемот.

Претседателката на Полошкиот плански регион Теута Арфи, по состанокот напомена дека регионот презел обврска да го поправи патот до депонијата.

  • Во согласност со постигнатиот договор, договривме, планот за управување со отпад, како прв и основен чекор, да заврши кон крајот на јануари 2017 година. Регионот презеде обврска да го санира и да го направи употреблив патот кој води кон депонијата. Воедно да ја санира и трасата која за жал, на многу места е неисчистена - изјави Арифи.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија