mksqen

Се чистат речните корита и каналите во Куманово

Се чистат речните корита и каналите во Куманово

Типографија

Општината Куманово деновиве започна со акција за чистење на речните корита и одводни канали во градот и на периферијата.

Утринава се уредуваше коритото на потокот Серава, а во нередниот период ќе се чистат и реките Липковка, Којнарка и Кумановка. За акцијата која е со цел навремено спречување на опасности од можни поплави, се одвоени 2,8 милиони денари.

  • Тендерската постапка е завршена пред дваесетина дена, меѓутоа бевме ангажирани на теренот на Стајковци, Арачиново и Ченто. Започнуваме со Серава, најголемиот канал за атмосферска вода. Ова место е целосно исчистено, поставени се заштитни решетки, така што сега каналот може да прими поголем обем вода - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Тој се надева дека со сечење на грмушките и на дивите израснати стебла ќе успеат да ги ослободат и другите речни корита, за да може да ја примат водата во кризните состојби, кога се очекуваат големи врнежи.

  • Сериозен проблем е каналот кај автопатот, кој е во надлежност на Агенцијата за државни патишта, како и оној дел кај Старата кланица, на кој има фрлен шут, смет и слично - рече Дамјановски и упати апел до граѓаните да бидат совесни и да ја чуваат животната средина.

Акцијата за чистење на речните корита и канали ќе трае до средината на септември.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија