mksqen

Јули бил потопол и посушен од просекот и во Македонија

Јули бил потопол и посушен од просекот и во Македонија

Типографија

Информациите во светските извештаи дека просечните глобални температури стануваат се` повисоки, наоѓаат на потврда и во Македонија, каде што податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажале дека температуратурите на воздухот во јули годинава биле над просекот за 1,5 степен, додека врнежите се под просекот во повеќе места освен во Берово, Скопје и во Демир Капија, каде биле повисоки од вообичаено.

Во текот на минатиот месец најмногу тропски денови се регистрирани во Гевгелија 30, а тропски ноќи со над 20 степени целзиусови се регистрирани во Гевгелија, Скопје, Демир Капија, Штип, Струмица и во Прилеп.

Според податоците на УХМР, средно месечните температури на воздухот во текот на јули во се движеа од 17,5 степени во Лазарополе до 27,3 во Гевгелија. Измерени се 18,5 степени во Маврово, 19,8 во Берово, 21,3 во Крива Паланка, 22,3 степени во Охрид, 23,1 во Прилеп, 23,5 степени во Битола, 24,9 во Скопје, 25 степени во Штип, 25,6 во Струмица и 26,1 во Демир Капија. Овие вредности на средно месечни температури се повисоки од просечните за 1,5 степени. Средно месечните максимални температури беа повисоки од просечните до 1,6 степени, а средно месечните минимални температури за 2,3 степени.

Апсолутно максималните температури измерени на целата територија во државата не ги надминаа досегашните рекорди за јули. Така во Демир Капија е измерена апсолутна максимална температура од 38,9 степени, во Скопје 38,6, Гевгелија и Штип 38,5, Струмица 37,1, Битола 35,6, Прлеп 35, Крива Паланка 34,3, Охрид 33, Берово 31, Лазарополе 29,6 и Маврово 28,4.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија