mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Водата од Тиквешко Езеро безбедна за капење

Водата од Тиквешко Езеро безбедна за капење

Типографија

Водата од Тиквешко Езеро е безбедна за капење, риболов, поење добиток и за рекреација, информира денеска Трајче Ризов, епидемиолог и раководител на Центарот за јавно здравје-Кавадарци. Безбедноста ја покажале резултатите од последните земени мостри од водата во езерото.

  • Водата од Тиквешко Езеро е безбедна според новиот Правилник за квалитет на водата, донесен на 20 јули оваа година. Како што покажаа микробиолошките анализи, таа спаѓа во петта класа на води, според нејзиниот квалитет - рече Ризов.

Тиквешкото Езеро е втора по големина вештачка акумулација во државата. Езерската вода се користи за капење и рекреација, лов и напојување стока, наводнување и за производство на струја.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија