mksqen

Се чистат речните корита во Гевгелија

Се чистат речните корита во Гевгелија

Типографија

Две реки и еден одводен канал ќе бидат опфатени со летната акција за чистење на речните корита што ја спроведува општината Гевгелија, заради заштита од можно излевање на надојдената вода во случај на поројни дождови.

Како што информираат општинските власти, ова лето ќе се чистат коритата на Сува река и Мрзенска река, како и горниот дел на каналот Рауљ. Исто така, предвидено е да се исчисти и јазот преку кој потпланинската атмосферска вода се слева во каналот и при пообилни врнежи предизвикувал проблеми. Од општината велат дека за реализација на целата акција се обезбедени 2,1 милион денари од локалниот буџет.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија