mksqen

Одржана прва тематска работилница за води во Скопје

Одржана прва тематска работилница за води во Скопје

Типографија

Од 30 март до 1 април 2018 година во хотелот Порта во Скопје се одржа дводневна работилница на тема: “Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и нивните капацитети во областа на водата и водните ресурси, водните политики и реформи на законската регулатива која ги третира водните политики“.

На работилницата учествуваат 32 претставници од невладиниот сектор од сите 8 плански региони во Република Македонија.
Работилницата ја водеше проф.д-р Билјана Пулеска, експерт за води и професор на универзитетот ФОН.
Работилницата беше поделена во 5 тематски дела: 1. Општ дел за управување со води; 2. Планирање на управување со води; 3. Заштитни зони, водоснабдување, урбани отпадни води; 4. Реформи на законската регулатива која ги третира водните политики и 5. Заклучни согледувања и научени лекции.
Работилницата е дел од проектот: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода” - имплементиран од Центарот за Eколошка Демократија ФЛОРОЗОН во партнерство со Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Проектот е финанскиски поддржан од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за Финансии на Република Македонија како дел од програмата за: “Зајакнета вклученост на граѓанското општество во реформите на патот кон ЕУ интеграциите”.
Агенда на настанот ТУКА

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS